Jump to content

ВизуеленУредник/Портал/Нови корисници

From mediawiki.org
This page is a translated version of the page VisualEditor/Portal/New users and the translation is 100% complete.

Ако ВизуеленУредник добро ја врши предвидената работа, ќе имаме многу повеќе заинтересирани продуктивни учесници отколку што сме навикнати. Дури и со упростен начин на уредување, на новодојдените сепак ќе им треба извесно време за да се прилагодат на начинот, заедницата и начелата на работа. Добро е што највеќето проекти имаат форум и/или IRC-канали кајшто луѓето можат да побараат помош, како и страници што ги насочуваат корисниците кон тие форуми и канали. Предизвикот е, како што споменавме, тоа што не сме навикнати на толку многу нови учесници :).

Ако имате слободно време, би ве замолиле да ги надгледувате соодветните места на вашиот проект. Постоечките помагачи несомнено ќе ја ценат понудената помош.